Колку чини да се гледа Е. Пелистер во Кил?

Македонскиот првак Е. Пелистер во четврток ќе го одигра својот меч од 12 коло од Лигата на шампионите. Битолчани на гости одат во Кил, веројатно најракометниот град во најракометната држава во светот. 
Црно-белиот гигант е исклучително популарен и неговите сезонски билети во принцип се рапспродаваат долго пред да почне сезоната. Лигата на шампионите која во Германије е второстепена зад домашната Бундеслига, исто така добро котира, иако посетата е помала, а сезонава само еднаш е комплетно распродадена Вундерино Арена. Тоа се случи на мечот со Алборг кога имаше 10.250 гледачи. 
Најмалата посета е запишана на мечот со ПИК Сегед, 5200, со Келце имаа 6100, со Колстад 6800, со ПСЖ 8200 или просечно 7300 гледачи на секој меч на Кил. 

Следниот гостин е Е. Пелистер и пола од салата е распродадена, па би требало да има повеќе од 5000 гледачи и на таа средба.
Билетите се купуваат според категориите и чинат од 15,50 евра за седмата категорија до 59 евра за прва категорија. Просечната цена, би била околу 33 евра, па ако во салата има 6.000 гледачи Кил ќе заработи од билети околу 200.000 евра. Оваа сума веројатно ќе биде дуплирана со продажбата на пиво и колбаси, реквизити од фан шоп итн. 
Но, даноците во Германија се големи, па на трошоци и на даноци ќе „отидат“ најмалку 2/3 од бруто заработката.
Сепак, на крајот и волкот ќе биде сит и сите зебри ќе бидат на број. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk