По девет месеци, повторно на терен

Македонскиот вицепрвак Алкалоид добива засилување за продолжението на сезоната. Пикерот Костадин Петров по девет месеци отсуство поради повреда, конечно, се врати на терен и го одигра својот прв официјален меч во дресот на Алкалоид по повредата. 
Костадин Петров имаше умерена минутажа на дерби мечот со ГРК Тиквеш, без проблеми ги издржа напорите и очекуваме во продолжението да си ја врати својата немала улога особено во напаѓачката комбинација, заедно со Стојковиќ, Карасманакис и Маркоски. 
Пред повредата Костадин Петров беше и во репрезентативната селекција, колку време ќе му биде потребно за да се врати назад во националниот дрес, сепак, ќе биде проценето од селекторот Кирил Лазаров. 



РК Алкалоид на спиоскот на повредени играчи кои подолго отсуствуваат од терено има уште тројца ракометари. Пикерот Кристијан Симоноски е вон игра уште од турнирот во Струга, а повредени се и две десни крила - Александар Петоковски и Александар Стојков. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk