Шест пати дневно го бараа Гидсел, но купија друг „ѕвер“

Боб Ханинг, познатата германска ракометна подвижна кујна, за време на ЕП 2024, изјави дека дента кога десниот бек Матијас Гидсел од ГОГ потпишувал за Фуксе Берлин, додека траел состанокот, претставници на Кил шест пати му ѕвонеле на мобилниот со понуда да потпише за попознатиот клуб.
Гидсел не потпиша за Кил, туку за Берлин, а главната причина (минус парите) е неговата желба да освојува пехари со екипа што претходно нема освоено трофеи. 
За разлика од Кил кој има освоено сѐ, Берлин има освоено „само“ еден Бундес Куп, трипати ЕХФ Европска Лига и двапати Супер Глоуб. Во нивната витрина има многу празни места и шанса за Гидсел да се докаже. 

Кил ја загуби таа трка и веднаш се врати назад во ГОГ каде што ја пикираше нивната нова ѕвезда од позицијата десен бек - Емил Мадсен (23). ГОГ не беше среќен што мора по Гидсел да го продаде и Мадсен, но Кил знае да биде упорен и убедлив. И Емил Мадсен потпиша за Кил договор што ќе биде важечки за следната сезона. 

Каков играч купи Кил? Па можат задоволно да тријат раце, затоа што нивната нова аквизиција во полуфиналето на данскиот Куп, на меч со едно продолжение на Фредериција и даде 19 гола со 68% реализација!
Во финалето против Алборг, кое ГОГ го доби и го освои пехарот, Емил Мадсен одново беше најефикасниот во својот тим, но овој пат само со осум гола. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk