РНЛ нанижа седум порази по ред

Бундеслигашката екипа Рајн Некар Ловен влезе во најголемата резултатска криза од 2006 година кога клубовите ТСГ Кронау и ТСВ Баден Остриген, по четири години играње под името СГ Кронау/Остриген се ребрендираа и станаа Рајн Некар Ловен. 
Денешниот пораз на РНЛ од Флензбург е седмиот во низа за „лавовите“. Шест од нив се во Бундеслигата и еден во ЕХФ Европската лига. 
Флензбург денеска славеше и тоа како гостин, убедливо 35-26. Овој праз остави РНЛ на десеттото место во Бундеслигата. РНЛ и покрај низата порази има доволен капитал од 19 бода за да се чувствува безбеден на табелата, но играњето во Европа следната сезона веќе станува невозможна мисија затоа што заостануваат цели 10 бода зад Кил кој во моментов е во последниот вагон што носи кон ЕХФ Европската лига следната сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk