Елиминирани се Металопластика, Бешикташ...

Денеска ќе бидат комплетирани сите дуели од 1/8 финалето на најслабиот, ЕХФ Куп, а во вторник ќе ги добиеме и паровите од 1/4 финалето во ова европско натпреварување. 
Иако имаше водство и од 4 гола разлика, Металопластика му дозволи на исландскиот тим Валур да влезе во серија од 5-0 во финишот на мечот и со пресврт да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри. 
Татран Прешов кој двата меча со Хафнарфјордур (без Арон Палмарсон) ги играше на домашен терен, откако на првата средба загуби со пет разлика, на реваншот победи со осум гола и се пласираше во следната рунда. 

ФТЦ - Бешикташ  39-36 (34-32)
Карвина - Стеауа  29-29 (27-28)
Металопластика - Валур  28-30 (27-28)
Брегенц - Кремс  33-30 (26-26)
Татран Прешов - Хафнарфјордур  31-23 (30-35)
Денеска:
Крка - Слобода Тузла (19-15)
Вогошча - Минаур Баја Маре (26-36)
Олимпијакос - Бриксен (29-23)
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk