-
18.02.2024
-
Вести, Планета ракомет
Промоцијата во повисок ранг не е секогаш добредојдена, иако од спортски аспект во теорија токму кон тоа треба да се стремат клубовите.
Но, пазарното живеење диктира поинакви услови, а многу клубови се изгореле затоа што нивната черга била дизајнирана за специфичен ранг на натпреварување и немале првенствено финансиски, а потоа и играчки квалитети за играње во повисок ранг.
Норвешка е една од земјите каде што финансикото работење и воопшто функционирањето на клубовите не е во рамките на фер плеј, ветувања, ваучери, правење долгови и така натаму. Таму „секој“ си ја знае силата, можностите и работи во рангот што го има, а за промоција размислува дури откако финансиски ќе се обезбеди и нема да ја загрози егзитенцијата на клубот.
Милост нема за никого. Сезонава, јадицата ќе беше преголема дури и за трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансанд, но со помош на спонзорите, кратењето на платите и други мерки на штедење успеаја да си обезбедат мирен крај на сезоната. Претходно, истото го стори и дрим тимот Колстад.
Но, што е со другите екипи? Во Норвешка до 14 февруари екипите кои резултатски имаат шанса да се пласираат во повисок ранг, треба да и одговарат писмено на федерацијата дали планираат и се моќни да играат во повисока лига.
Сезонава, дури 49 клубови одговорија дека не сакаат да играат во повисок ранг, иако резултатски и би можеле да се пласираат.
По три клуба во женска и машка конкуренција не сакаат промоција во Првата лига, а другите 43 екипи не се спремни за играње во Втора, Трета и Четврта лига. Тоа се првенства кои се поделени по региони.
Поврзани вести