Маџовски се раздели со Ловќен

Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски е еден од четирите ракометари во „пакетот“ на црногорскиот првак Ловќен со кој клубот се раздели со цел да потроши помалку пари до крајот на годината.
Фалениот проект од почетокот на сезоната откако заврши со ЕХФ Европската лига, брзо влезе во комплетна реконструкција.
Сѐ почна кога по внатрешните несогласувања меѓу тренерот Перо Милошевиќ и првата ѕвезда Вуко Борозан, прво замина играчот, а потоа и тренерот. 
Сега уште четири играчи, Бојан Маџовски, Петар Ераковиќ (Метковиќ), Слевен Лекиќ и поранешниот играч на Струга - Вук Лакичевиќ, заминуваат од клубот објави црногорскиот весник Побједа. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk