Дерби за крај на второто плејоф коло

Вечерва во „Автокоманда“ ќе се сретнат екипите на Алкалоид и ГРК Тиквеш во последниот меч од второто Плејоф коло од домашната Суперлига. 
Во првото коло и двата тима запишаа релативно лесни победи и го скршија мразот, а вечерва едната ќе го пробие својот пат кон врвот на табелата.
Домашниот состав е во фаворитската улога, двапати беше подобар во есенскиот дел од првенството, но зимската пауза ќе си ја одигра својата улога, па денеска ќе видиме што ново имаат да понудат овие два тима на домашната сцена. 
Натпреварот почнува во 19:15 часот и ќе биде и директно пренесуван на МТВ. 

Во Суперлигашкиот Плејаут, ќе се сретнат екипите на Е. Пелистер 2 и Куманово, два тима со амбиција и реални шанси за опстанок во најсилната конкуренција и следната сезона. 
 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Е. Пелистер 2 2 0 0 55 45 10 8
2 ГРК Охрид 2 2 0 0 61 53 7 8
3 РК Вардар 1961 2 1 0 1 53 45 8 6
4 РК Алкалоид 1 1 0 0 22 17 5 6
5 ГРК Тиквеш 2014 1 1 0 0 32 25 7 4
6 РК Бутел Скопје 2 0 0 2 53 58 -5 1
7 РК Струга 2 0 0 2 49 63 -14 0
8 РК Пролет 62 2 0 0 2 35 54 -19 0

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk