Сите „ЗА“ Гисласон да остане селектор

Сите 11 членови на извршниот одбор на Бундеслигата гласале за Алфред Гисласон да остане селектор на Германија со нов тригодишен договор, односно до 2027 година. 
Исландскиот стратег имаше добар турнир на ЕП. Германија немаше на хартија којзнае каков тим, но имаше домашен терен и победи на тие натпревари што мораше да победи. На крајот заврши на четвртото место што е можеби над нивните реални граници, но сеедно за доверба на Гисласон мораше да се гласа. 

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека можеби Дагур Сигурдсон кој раскина со Јапонија (очекуваме во полза на Хрватска), па дури и Бенет Вигерт, тренерот на Магдебург се во комбинација за нов селектор.

На крајот ништо од тоа, Гисласон ќе добие нова понуда, и веројатно ако се суди на претходните негови изјави - ќе ја прифати. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk