Владо Шола останува селектор на Црна Гора

Познатиот хрватски ракометен ас, Владо Шола, ќе остане на позицијата селектор на Црна Гора најмалку до крајот на Светското првенство 2025 година. Потпишан е нов договор, соработката ја официјализираше Ракометниот сојуз на Црна Гора. 
Владо Шола ја водеше Ц. Гора на ЕП и во конкуренција со Исланд, Унгарија и Србија го освои третото место во групата што на крајот им го донесе 14 место. Сите нивни натпревари беа резултатски тесни, а имаше и понекој „кикс“ на селекторот во последните минути. Но, во  третото коло, во последната минута ја победија Србија и со тоа ги поништи сите претходни минуси. 
Црна Гора беше среќлијата во баражот и за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Белгија и Италија и ќе биде голем фаворит за пласман на мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка следниот јануари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk