Македонија договори спаринг за Неделата на ЕХФ

Машката сениорска репрезентција на Македонија во Неделата на ЕХФ што биде реализирана во март, во времето кога ќе се играат Квалификациите за Олимписките игри во Париз ќе игра два контролни натпревари на гостински терен. 

Најдобриот македонски тим за дуелите со Фарски Острови што ќе се играат во мај, ќе се подготвува на контролни натпревари со репрезентацијата на Романија. 
На 15 и на 16 март нашиот тим ќе гостува во Романија и таму ќе игра два натпревари со селекцијата која по ЕП има нов селектор и е освежена на клупата на Георге Буричеа кој ќе се обиде да направи чекор напред во однос на тоа што тимот го играше под водство на Хавиер Пасквал. 
Романците по 27 години се пласираа на ЕП, но во Германија во силната конкуренција со Хрватска, Шпанија и Австрија го завршија настапот на последното место во групата и беа сместени во вториот шешир во бараж квалификациите за СП и оттаму за противник ја добија селекцијата на Чешка. 

Дуелот со реновираниот романски состав треба да бидат показател за селекторот Кирил Лазаров за тоа во кој правец оди формата на нашите репрезентативци по завршувањето на ЕП, а со оглед на календарот на ЕХФ, тоа ќе биде веројатно и последната можност за тестирање пред да почне фазата за подготовка и дуелите од бараж квалификациите. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk