Лесни три бода за Вардар

ВАРДАР 1961 - Т. ПРОЛЕТ  32-18 (17-11)
Јагуриновски 6, Лазаревски 4, Мишевски 4 - Арсеновски 6, Василевски 3

Вардар ја запиша првата плејоф победа, вечерва во воведниот меч од второто коло во разигрувањето за шампионската титула во македонската Суперлига.
Гостин во „Јане Сандански“ беше екипата на Т. Пролет 62, а натпреварот беше резултатски решен во рамки на воведни 10 минути од средбата. Вардар поведе со 5-1, 9-5, а разликата ја надополни за уште два гола до крајот на полувремето кое заврши 17-11. 
Во вториот дел релативно брзо стана плус 10 гола (21-11), а потоа околу двоцифрената граница се движеше резултатот, сѐ до финишот. Тогаш, од 27-18 со серија од 5-0 домашните го поставија конечниот резултат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk