Шпанија со најсилен состав против Македонија

Женските репрезентации на Македонија и Шпанија се практично пласирани на следното Европско првенство откако во првите две кола забележаа високи победи над послабоирангираните ривали, но треба да го одиграат меѓусебниот меч кој ќе го даде победникот во групата и во последните две кола треба да ја заокружат целата квалификациска приказна. 

Мартин Амброс, прославениот шпански тренер денеска го објави составот во кој повратник е натурализраната Александрина Барбоса, а повратник во повредата е Ембенге. 

Шпанија има силен состав, конкуренти се за висок пласман и секако големи фаворити на двата дуела со Македонија. 
Натпреварите ќе се играат на 29 февруари во Скопје и на 3 март во Шпанија.

Голмани: Mercedes Castellanos (Costa del Sol Málaga) y Darly Zoqbi (SCM Craiova)
Централни бекови: Carmen Campos (BVB Dortmund) y Silvia Arderius (Costa del Sol Málaga)
Десни бекови: Seynabou Mbengue (CS Gloria 2018 Bistrita), María Prieto (Caja Rural Aula Valladolid) y Paula Arcos (Vipers Kristianstad)
Леви бекови Lara González (CS Rapid Bucuresti), Danila So Delgado (AtticGo Elche) y Alexandrina C. Barbosa (Brest Bretagne)
Десни крила: Marta López (CS Rapid Bucuresti), Maitane Etxeberria (Super Amara Bera Bera) y Paulina P. Buforn (Conservas Orbe Rubensa Porriño)
Леви крила: Soledad López (Costa del Sol Málaga) y Ona Vegué (HSG Blomberg-Lippe)
Пикери: Eli Cesáreo (Costa del Sol Málaga), Kaba Gassama (SG BBM Bietigheim), Lysa Tchaptchet (Vipers Kristianstad)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk