СУПЕРЛИГА: Точни термини, судии и делегати за второ коло

Викендов ќе се одигра второто коло од македонскиот суперлигашки Плејоф и Плејаут. Долгоочекуван, особено Плејофот каде што е сконцентриран целиот квалитет што го имаме и ја имаме и лигата со осум екипи што беше една од идеите за кратење. Но, дека не е бројот на екипите проблемот за квалитетот на македонскиот клупски ракомет видовме веќе во првото коло во кое и покрај тоа што се сконцентрирани најдобрите што го иммаме, плус сите екипи имаат македонски тренери и тоа доскорешни репрезентативци - доминираше стил на ракомет од некое одамна минато време. 
Ќе видиме што нѐ чека викендов. Прво коло, како  - прво коло, плус два тешки дерби натпревари можеби внимателноста, важноста на натпреварите и слични мали но големи детали им ја одземаа полетноста на играчите и викендов ќе видиме поинаков ракомет. 
Натпреварите овој пат се со за нијанса поизразени фаворити, но сеедно Алкалоид ќе има тешка задача дома против Тиквеш, а Е. Пелистер во Бутел ќе треба да ја оправда фаворитската улога. 
Охрид е голем фаворит на езерското дерби, а Вардар е најголемиот фаворит колово, на домашен дуел со Т. Пролет. Тој меч ќе се игра денеска. 
Сите предуслови да гледаме добар ракомет се исполнети, на ред се играчите да ги оправдаат очекувањата.

Плејаут шампионатот нуди дури и поголеми возбудувања, со оглед на тоа дека влогот таму е повисок. Аеродром не е веќе во конкуренција, па ќе имаме само по три дуели. 





Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk