Заврши суперлигашката авантура за Аеродром

Екипата на Аеродром нема да има право да продолжи да се натпреварува во Суперлигата - плејаут, затоа што клубот не ги исполни своите обврски да се регистрира во акционерско душтво како што налагаат суперлигашките правила.
Клубот во есенскиот дел имаше право за настап, затоа што како нов суперлигаш ја имаше почнато постапката, но до почетокот на пролетниот дел - ја немаше финализирано. Неогвите резултати ќе биде 10-0 за противничката екипа.

Така РК Аеродром останува надвор од натпреварувачката сезона и следната ќе мора да се натпреварува во Првата лига.
РК Аеродром, веројатно за мноштвото од македонските ракометни фанови и за поголемиот дел од македонските ракометни „критичари“ што имавме можност да ги слушаме минатиов период е релативно непознат ракометен поим, па затоа само ќе нафрлиме дека од овој клуб меѓудругите се изнедрија Иван Џонов, Марко Митев, Дамјан Митев, Едвин Омерагиќ, Стефан Стојчевиќ итн. 

Се надеваме дека суперлигашкиот залог кој евидентно беше преголем за овој клуб, ќе биде прекалкулиран и во Аеродром ќе продолжат да се брусат таленти, затоа што тоа е една од најдефицитарните ракометни активности во македонскиот ракомет. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk