Ангеловски: Бевме подобри отколку со Вардар

Македонскиот првак Е. Пелистер имаше уште една преголема пречка до првите бодови во Лигата на шампионите. Францускиот ПСЖ рутинирано ги освои бодовите во Битола, но целата претстава беше вредна да се гледа. Ракометот е само во ретки случаи спорт на изненадување, а вчера тоа не беше случај. 

По натпреварот, тренерот на битолскиот тим, Бранко Ангеловски, вака ја коментираше средбата. 

„Задоволство е да се биде тренер на овој клуб, да се води оваа група на играчи и да ја чувствувате енергијата на нашите навивачи. Искрено, на крајот се уверивме во силината на секој поединец на ПСЖ. Би сакал кога веќе е пораз, да биде со помала разлика. Мислам дека можеби можевме но доста промашивме.
Не знам дали е до нашата концентрација или квалитетот на противничките голмани. Во првиот дел Јаник Грин имаше десет одбрани. Со таков голман, а во второто полувреме влезе и Палицка со пет-шест, екипа која има такви поединци е тешко да се победи. Одигравме натпревар во кој сум горд на моите ракометари. Бевме подобри од дуелот со Вардар, ама разликата во квалитетот беше видлива. Секогаш имаме ротација, секој од играчите треба да придонесе со енергија. Мило ми е што клупата е добра, сите играчи на неа со паметот се на теренот. Јас давам шанса на секој, а до играчите е кој колку ќе биде на терен“, изјави Ангеловски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk