Мечот на неделата беше „лудница“ натпревар

Првото коло од продолжението на Лигата на шампионите е комплетирано, а во рамки на 11 рунда имавме можност да видиме вистинска ракометна убавина што се одигруваше во „Легионово“ во Полска. 

Гостин во Келце беше екипата на Кил, клуб што сите сакаат да го имитираат барем во изјавите „секогаш одиме на победа“. Тоа што другите го зборуваат Кил го прави и на секој натпревар без тактизирање и без штедење на силите игра со 100%. 

Овој пат имаше проивник рамен на себе и тоа можеше да се види уште од првиот момент кога на артилеријата на Ерик Јохансон и Харалд Рајнкид, Полјаците одговорија со супербрза транзиција и ракети од СимонСичко и браќата Душебаев. 

За разлика на пример од македонскиот суперлигашки плејоф каде што на дел од екипите им требаат и по дваесетина секунди за да почнат напад, овие два тима за тоа време комплетираа по два напади. „Летаа“ по теренот и едните и другите, а на режијата и коментаторите им беше проблем и да ги „испофаќаат“ и искоментираат сите убави потези што се реализираа долу на теренот. Тоа особено за Келце кој го има на пример Дилан Наи кој пак (официјално измерено) од својот до противничкиот деветерец трча за нешто помалку од три секунди - кога се гледа од страна, е прилично едноставна работа.

Некомплетни, Келце без Хасан Кадах, Артјом Каралек, Гебала и Беноа Конку, Кил со очигледно недоволно спремни Никола Билик и Патрик Винцек од прв момент почнаа игра во која Германците малку подобро влегоа и имаа гол-два предност. Сѐ тоа беше релативно затоа што работите на терен се менуваа толку брзо што немаше комоција во ниту една од екипите, особено што голманите од двете страни немаа свој ден. 
Немаме доволно комплименти за да го пофалиме целиот тек на мечот. Во финишот Келце бркаше и успеваше да стгине од минус три-два до реми, но кога и да стигнеа, Кил молњевито во рамки на една минута одново ќе дојдеше до плус два.
И така се до 56 минута кога Келце поведе со два гола разлика и се чинеше дека ќе го прекрши мечот. Во последните 30 секнуди се влезе со резултат 35-35 и напад за Келце. Душебеаев побара тајм аут, потоа неговиот тим на десетина секунди до крајот погоди за водство 36-35, но уште не стигнаа да ги спуштат рацете од радост, следеше молљевито проигрување од голманот Беласен кон Пекелер на центарот, а тој потоа во полн трк го пронајде Екберг кој погоди за конечните 36-36. 

Од резултатот екипите можат и не мораат да бидат задоволни, за тоа што го одиграа заслужија стоечки овации од публиката и сите комплименти што ќе ги добијат се заслужени. 

Вчера се одиграа следниве натпревари
Е. ПЕЛИСТЕР - ПСЖ  25-31
КЕЛЦЕ - КИЛ  36-36
МОНПЕЉЕ - ЦЕЛЈЕ  32-21
ГОГ - БАРСА 23-30
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk