ПСЖ беше преголем залак за битолчани

Е. ПЕЛИСТЕР - ПСЖ  25-31 (9-15)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Хорачек и Новотни
вотни од Чешка. 
Е. ПЕЛИСТЕР: Лесјак, Гедбан, Манасков 3, Цехте 1, Тајник, Борзаш 3, Танкоски 1, Радивојевиќ 3, Кузмановски 2, Костески 2, Петровиќ 1, Петар Атанасијевиќ 1, Павле Атанасијевиќ 1,  Ѓорговски 3, Василев 1, Пешевски 3
Седмерци: 4/7 Исклучувања: 2 мин.
ПСЖ: Грин 1, Палицка 1, Стеинс 3, Марчан, Нтанзи 1, Кеита 2, Соле 6, Тонесен 1, Гребиј 2, Шипжак 7, Л. Карабатиќ 2, Холм 3, Н. Карабатиќ 1, Пелека, Пранди, Планти 1
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 2 мин

Пари Сен Жермен ја оправда улогата на фаворит и пред преполна сала во Битола му го нанесе 11 пораз од 11 натпревари на македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер. 
Гостите од Франција уште на почетокот на натпреварот покажаа дека нема ништо да остават на случајноста. Лук Стеинс и Јакоб Холм му дадоа брзина на нивниот напад и ја ширеа одбраната оставајќи простор за пикерот. 
Е. Пелистер за разлика од суперлигашкото дерби сега барем побрзо напаѓаше и целеше кон Холм кој бранеше на „петка“ или кон Пешевски на линијата. Тоа не го правеше со особен успех, а и голманот Грин си ја вршеше работата и набрзо ПСЖ поведе со 5-1. 
Работите имаа тенденција да одат кон полошо, но во следните два напади ПСЖ ја погоди рамката од голот, па користејќи го тој момент Е. Пелистер успеа да воспостави резултатска рамнотежа на минусот од четири до пет гола. 
Потоа во игра влезе Никола Карабатиќ кој не беше многу импресивен и фокусиран во нападот, но во одбрана го замени Холм и комплетно ја затвори нивната одбрана. 
Тренерот Ангеловски бараше решенија од „надвор“, но за таквите шутеви се истакнуваше голманот Јаник Грин, се обиде и со седум на шест, ги уфрли во ротацијата Петровиќ и Танкоски како џокери, но разликата во квалитет беше евидентна. 
ПСЖ стигна до плус седум (14-7). 
Е. Пелистер се обидуваше преку одбрана да го смири резултатот, ПСЖ направи неколку грешки во последните пет минути и на полувреме се замина со резултат 9-15. 
Во вториот дел резултатот не претрпе поголеми осцилации, ПСЖ водеше 6-8 гола разлика,  а Раул по 40 минута во игра уфрли резервисти како Нтанзи, Пелека и Планти. Исто беше и на спротивната страна од која Ангеловски го пушти во игра Ѓорговски, а Танкоски и Петровиќ добија значајна минутажа, Павле и Петар Атанасијевиќ добија шанса, погодија и двајцата во финишот. 
Го поправи впечатокот Е. Пелистер во последните минути, но немаше на оваа средба реални шанси да мине резултатски добро. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk