Трансфери: Пуховски, Живковиќ...

Белорускиот плејмејкер Борис Пуховски ќе го продолжи својот престој во Нови Сад за уште една година. Српските медиуми јавуваат дека е формалност потпишувањето на новиот договор на Белорусинот со екипата на Војводина. 

Десниот бек на репрезентацијата на Австрија, Борис Живковиќ играч на Азоти од Полска, одигра одлично на Европското првенство во Германија и тоа му беше валјд карта за потпис со гигантот Флензбург. Оваа германска екипа бараше алтернатива за холандскиот ас Кај Смитс кој има здравствени проблеми и се реши за австриецот со српски корени. 



Селекторот на женската репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен во составот за квалификациите за ЕП против Полска што ќе се играат во март во тимот ја сместил и ракометарката на Есбјерг, Каја Камп. Единствено што заборавил е да и каже дека е повикана за репрезентацијата.
„За изборот ми кажа колешка од тимот. Прво се израдував, па не верував, па помислив дека е некоја грешка. Дури откако добив меил можев да се израдувам на повикот“, изјави радосната Каја Камп за данските медиуми. 

Динамо Букурешт одигра одличен меч во Лисабон, против екипата на Спортинг во ЕХФ Европската лига, но во финишот домашните со пресврт стигнаа до победа. Покрај поразот, Динамо на овој меч го загуби и левото крило Никусор Андреи Негру кој заработи сериозна повреда. 

Бундеслигашот Штутгарт го ангажираше Анте Иванковиќ, левиот бек на Целје Пивоварна Лашко. Трансферот е реализиран, па целјаните дополнително се ослабени во трката со Тримо Требње, екипата што ја брка својата прва шампионска титула во Словенија. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk