Познати се составите Е. Пелистер и ПСЖ за денешната пресметка. Тренерот Бранко Ангеловски во својот тимски ростер ги нема Руди Сери и Матеуш Пјеховски.
Французинот имаше повреда поради која го пропушти и дербито со Вардар. Не е сериозно, тој се врати на тренинзи, но нема да биде ризикуван денеска и ќе му се даде плус време за рехабилитација.
Новото име, Матеуш Пјеховски не е е во тимот како што дознаваме од административни причини. Тој е пријавен во ЕХФ, но сѐ уште нема(ше) зелено светло од Виена за настап, па екипата се подготвуваше за дуелот со ПСЖ без неговата помош.
Дејан Манасков, пак, ќе дебитира во зелено-бел дрес.
Во редовите на ПСЖ освен повредениот Доминик Мате не воочивме некое позначајно отсуство. Во тимот се браќата Карабатиќ, Пранди, Палицка/Грин, Стеинс, Соле, Тонесен, Нтанзи, Кеита, Шипжак, Гребиј ...
Поврзани вести