Денеска, Е. Пелистер - ПСЖ, каде да гледате?

Лигата на шампионите продолжува денеска со натпреварите од 11 од вкупно 14 кола од Првата фаза од најелитното натпреварување. 
Во Битола е нов ракометен празник. Градот што сака ракомет, ќе ги види во живо ѕвездите како Палицка, Пранди, Стеинс, Грин, Гребиј и најпознатото братско дуо - Лука и Никола Карабатиќ. 

За Е. Пелистер резултатски овој натпревар е само прашање на чест, рејтинг и имиџ, а за парижаните само победа е опција за продолжување на трката за подобро место во разигрувањето што ќе следува по 14 коло. 

Натпреварот почнува во 18:45 часот, ќе биде пренесуван на МТВ 3, а втора опција за гледање на средбата е ТВ Арена Спорт 3 Премиум. 

Денеска играат:
18:45  Е. ПЕЛИСТЕР - ПСЖ (МТВ-3, Арена Спорт 3 Премиум)
18:45  ГОГ - БАРСА (Арена Спорт 2)
20:45  КЕЛЦЕ - КИЛ (Арена Спорт 2)
20:45  МОНПЕЉЕ - ЦЕЛЈЕ
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk