Отпадна уште еден град за СП 2025

Светското првенство во машка конкуренција што во 2025 ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска доживеа уште една организациска промена. 
Од градовите домаќини отпадна Сплит и Спаладиум Арена, традиционалниот домаќин на Хрватска во Прелиминарниот дел. Сплитската арена има сериозни инфраструктурни проблеми што нема да бидат решени набрзо и мундијалот остана без уште еден град. 

Сега, во кобинација останаа само Осло, Хернинг, Загреб, Вараждин и Пореч. 

Со ова се намалуваат патувањата, преместувањата и слично и да бидеме реални и искрени тоа оди во прилог на ИХФ, репрезентациите, локалните организатори и странските навивачи.
Но сепак, отвора една (морална) дилема за која вреди да се потроши некој реченица. 

Ова трио држави во 2020 доби организација на мундијал со апликација во која имаше дури 11 градови и сериозно убави и големи сали. Конкуренцијата едноставно немаше шанса, но сега на една година до почетокот на СП, што од инфраструктурни што од финансиски или други причини останаа само пет градови. 
Дали е прекршен фер плејот?

Во случајов и не е. За овој мундијал во старт конкурираа заеднички Данска/Норвешка/Швајцарија и посебно Србија и Хрватска. Во вториот круг се откажа Швајцарија, а нивното место го зазема Хрватска во тројната апликација, Србија се повелече, а апликација што подоцна ја повлече испрати и Унгарија. Така, ова трио кандидати и немаше конкуренција која сега би можела да се чувствува измамено. 

Но, тоа што овој пат „вака“ излезе не значи дека треба да биде пракса и да не биде негативно нотирано во ИХФ. Следни се апликациите за добивање на организација на СП 2029 и 2031.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk