Врвен предизвик за Металари и Николовски

Младата македонска судиска двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски е делегирана од ЕХФ да го води натпреварот од Лигата на шампионите во женска конкуренија меѓу лидерот во групата „А“ и топ фаворит за шампионскиот пехар - екипата на Ѓер од Унгарија и францускиот кандидат за европски шампион, екипата на Брест која во моментов е на четвртото место, со шанса оваа фаза да ја заврши една позиција погоре. 

Предизвикот да се суди на петкратен европски шампион е голем, а неговото успешно комплетирање ќе биде препорака за добивање на други големи натпревари. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk