Манасков: Имаме добар моментум, посакувам изненадување

Е. Пелистер уште ужива во победата на дербито, а веќе во нивната сала доаѓа друго големо име. Во моментов, најскапиот светски тим во кој има тројца златни од ЕП (Елохим Пранди, Лука и Никола Карабатиќ), но има и ѕвезди без медал како Андреас Палицка и Лук Стеинс на пример. 

ПСЖ во Битола доаѓа во рамки на 11 коло од Лигата на шампионите, на натпревр кој на Е. Пелистер ништо не може да му смени, но за парижаните единствено победа е опција. 

Средбата ќе се игра утре во почеток од 18:45 часот. 

Ново име во составот на Е. Пелистер е Дејан Манасков. Играч кој има најбогато резиме меѓу соиграчите во Битола.



„Помина доста време откога не сум на терен и можам да кажам дека едвај чекам да почне натпреварот. Мотивиран сум, за тоа не треба ни да стане збор. Чест ми е што ќе играм во ЛШ, мислам дека сме доволно спремни, а имаме и добар моментум по победата во дербито. 
ПСЖ е во топ 5 екипи, имаат изграден систем, знаеме каков стил негуваат, Раул беше тука и во клуб и во репрезентација. 
Тие се фаворити, но нема ефтино да ја продадеме кожата. Пред нашата публика имаме шанса да изненадиме некого во следните ЛШ натпревари. 
Имаат ѕвезди, медали, но на терен победува тој што е помотивиран и што повеќе сака да победи. Веруваме во нас и во тоа што го работиме, се надевам дека ќе изненадиме“, изјави новиот играч на битолчани, Дејан Манасков.  

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk