Европската лига, како предигра за Лигата на шампионите денеска ќе го има својот прв дена од Главната рунда во која учествуваа 16 екипи кои минаа нив прелиминарниот дел. Нема да има македонска екипа, од нашите два преставника Вардар беше елиминиран во квалификациите, а Алкалоид кој играше групна фаза го освои третото место во прелиминарната група и тука беше крајот на ЕХФ Евро сезоната.
Овие 16 екипи ќе се борат за место во нокаут фазата. Четирите победника директно одат во 1/4 финалето. Другите осум ќе имаат и едно елиминациско коло во кое меѓусебе ќе играат за пласман во следната рунда.
Денеска има интересни натпревари, а од екипите што ги гледавме во Скопје ќе издвоиме дека РНЛ игра на гости во Полска, Бјерингбро-Силкеборг ќе игра дерби меч со Флензбург, а ослабената Војводина (без шест играчи) оди на дуел до екипата на Кадетен Шафхаузен.
Натпреварите Кадетен - Војводина, Флензбург - Горње и Скјен - Горење ќе можете директно да ги следите на каналите на ТВ Арена Спорт.
ДЕНЕСКА ИГРААТ:
18:45 ЧАСОТ
Констанца - Берлин
Хановер - Нант
Кадетен - Војводина
Скјерн - Горење
20:45 ЧАСОТ
Флензбург - Бјерингбро
Нексе - Севехов
Горњик - Рајн Некар