Трансфери: Муше и Магдебург, љубов што не згаснува

Само еден клуб, само еден град.  Матијас Муше, брадестото крилото на Магдебург и повремен репрезентативец на Германија го продолжи договорот со актуелниот европски шампион и останува таму најмалку до 2027 година. Магдебург е единствениот клуб за кој играл 31 годишниот Муше, ако се изземе една сезона во која беше позајмен. 

Кој навистина сака ракомет? На натпреварот меѓу екипите на Крефелд и Алдекерк, два соседско ривалски клуба што играат во Третата германска лига имаше 7.500 гледачи со платени билети! 

Стара љубов. Данскиот Алборг го врати во своите редови пикерот Бенјамин Јакобсен. Тој ќе го пополни испразнетото место на повредениот капитен Рене Антонсен. 
Јакобсен четири сезони играше за Алборг, а летово замина за Спортинг. Авантурата во Португалија траеше два месеца и потоа си се врати назад во Данска. 

Затоа се голем клуб. Францускиот Монпеље потпиша продолжување на договорот со бекот Килијан Вилмино до 2028 година. Вилмино во моментов е повреден, настрада неговата Ахилова тетива и сезоната е завршена. До крајот на договорот имаше уште една и пол година. Но, уште сега потпишаа продолжување. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk