Не помогна и Сориндо, Бешикташ пред ЕХФ Куп елиминација

Француската легенда Седрик Сориндо не му помогна на Бешикташ да стигне до победа во првиот 1/8 финален дуел од ЕХФ Куп. Французинот постигна еден гол, израмнувачки, во важен момент (45 мин., 26-26), но Бешикташ не го издржа ритамот и загуби од унгарскиот ФТЦ 32-34 на домашен терен. 
Металопластика, Крка и најмногу романската Баја Маре профитираа во првите дуели од 1/8 финалето од овој Куп. 

Бешикташ - ФТЦ  32-34
Стеауа - Карвина  28-27
Кремс - Брегенц  26-26
Минаур Баја Маре - Вогошча  36-26
Слобода - Крка  15-19
Валур  - Металопластика  27-26
Хафнарфјордур - Татран 16.2.2024 
Двете средби ќе се играат во Словачка
Олимпијакос - Бриксен 16.2.2024
Двете средби ќе се играат во Грција
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk