Следен гостин во Битола е ПСЖ

Импресиите од дербито ќе се средуваат низ битолската чаршија уште долго. Ваква убедлива и релтивно лесна победа над Вардар одамна не се памети, а враќањето на самодовербата е бонус за зелено-белите пред следниот предизвик.

А следниот предизвик во салата „Боро Чурлевски“ ќе ги донсе Андреас Палицка, Камил Шипжак, Лук Стеинс, Елоим Пранди и за последен пат како активен ракометар во Македонија ќе дојде Никола Карабатиќ. 

Играчот со најимпресивното резиме во ракометната историја летово за ја завршува кариерата, а гостувањето кај Еурофарм Пелистер ќе биде последно во играчката кариера во Македонија и битолчани ќе треба да го испочитуваат тој момент. 

Гостувањето на Пари Сен Жермен во Битола е закажано за 14 февруари, среда со почеток од 18:45 часот. 

ПСЖ на табелата во ЛШ e на четвртото место со шанса да стигне до второто кое му бега само еден бод и не смее да си дозволи „кикс“ во Битола.
Македонскиот првак, пак, има 10 порази од исто толку натпревари и веќе и теоретски ги има загубено шансите за пласман во елиминациите. 
Но, во следните четири кола има шанса да освои барем некој бод кој потоа би се вброил во ранкингот за Лигата на шампионите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk