Шок во Нови Сад: Додиќ преку ноќ загуби дел од мускулот

Екипата на Војводина се подготвува за продолжението во ЕХФ Европската лига, а стартот на пролетниот дел од шампионатот за нив беше лебедова песна затоа што освоија Супер Куп, а потоа лесно го совладаа Партизан. 

Но, само што се врати на терен, вознемирувачки вести доаѓаат од Нови Сад. 

Стефан Додиќ, ракометарот кој како дете израсна во Автокоманда, а потоа преку Охрид, Вардар замина замина за Келце, па Загреб, Целје и на крајот дојде како повреден играч во Војводина има нов голем проблем. 
Додиќ се рехабилитираше, се врати на терен, одигра одличен натпревар, но... 

„Додиќ стана утрово и сфати дека изгубил дел од мускулот. Никој не знае зошто, поради што. Изгуби 30% од мускулот (преку ноќ атрофирал квадрицепсот на ногата). Не знам што ќе биде со него и неговата кариера. Ќе ги свртиме сите доктори во Европа, да видиме која е вистинската дијагноза. Веројатно досега не беше точна...“, изјави тренерот на Војводина Борис Ројевиќ на прес конференцијата. 

Уште еден малер за Војводина пред дуелот со Кадетен е фрактурата на раката на нивниот репрезентативец и прв избор на позиција десно крило Вукашин Воркапиќ. 

Кога ќе се комплетира списокот, пред мечот со Кадетен, на Војводина ќе и фалат дури шест важни играчи! 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk