Охрид со минималец до три бода во Бутел

БУТЕЛ СКОПЈЕ - ОХРИД  29-30 (14-13)
Николов 8, Спасовски 4, Јефтиќ 4 - Ојлески 7, Орјоникидѕе 6, Цирар 5

Со голот на Дејан Шешиќ во последниот напад, екипата на Охрид успеа да го совласа незгодниот тим на Бутел Скопје на гостувањето во престолнината. 
Охрид важеше за фаворит на хартија со оглед на инвестициите и засилувањата што ги донесоа во својата екипа, но ќе треба и време сето тоа да проработе. Бутел Скопје, пак, покажа дека е непријатен противник за играње и малку недостасуваше уште на стартот да ги „олади“ охриѓаните .
Бутел беше пред победа, освен во еден момент во вториот дел (19-20), постојано беше во водство. Имаше и плус два во финишот (27-25), но израмнија гостите (27-27), потоа водеше и 29-28 домашниот состав, но последните два гола завршија во нивната мрежа и бодовите отпатуваа за Охрид. 
 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 1 1 0 0 22 17 5 6
2 РК Е. Пелистер 1 1 0 0 27 21 6 5
3 ГРК Охрид 1 1 0 0 30 29 1 5
4 ГРК Тиквеш 2014 1 1 0 0 32 25 7 4
5 РК Вардар 1961 1 0 0 1 21 27 -6 3
6 РК Бутел Скопје 1 0 0 1 29 30 -1 1
7 РК Пролет 62 1 0 0 1 17 22 -5 0
8 РК Струга 1 0 0 1 25 32 -7 0

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk