Првото големо дерби е за Е. Пелистер

Е. ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 1961  27-21 (10-10)
Е. Пелистер: Лесјак, Цехте 4, Кузманоски 2, Тајник 7, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 2, Кузмановски 8, Костески, Гедбан, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 1, Пешевски 1, Павле Атанасијевиќ 
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 10 мин.
ВАРДАР 1961: Томовски, Јагуриноски 3, Стоилов, Аларов, Георгиевски 2, Карапалески 1, Ансер, Бакар 1, Лазаревски 4, Срдановиќ 3, Николиќ 5, Петриќ, Ѓукиќ 1, Мело, Мишевски 1, Гогов 
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 8 мин. 

Битолски Е. Пелистер го доби првото големо дерби во Плејоф сезоната. Вечерва во „Боро Чурлевски“ гостуваше најголемиот ривал - црвен-црниот Вардар 1961 од Скопје. 

Пелистер победи благоадрение на подобрата игра во последните 20 минути од натпреварот. Дури во 38 минута од натпреварот и тоа откако Вардар остана со играч помалку поради реакција на тренерот Недановски, прв пат на дербито една од екипите поведе со два гола разлика. Претоходно, следевме меч во кој единствено интересно беше движењето на резултатот, а тоа беше час во корист на едните, час во полза на другите. 
Веднаш откако поведе со два гола разлика (15-13), следеше нов гол и плус три беше за домашниот состав. Урбан Лесјак и Мартин Томовски двајцата голмани имаа свои моменти. Едниот го спасуваше Вардар, другиот пак, успеваше да го задржи Е. Пелистер во ритам. 

Тренерот на Вардар, Владо Недановски со многу краток ростер го играше овој натпревар. Во најголемиот дел на терен на бековската линија беа Николиќ, Јагуриновски и Карапалевски со Лазаревски на линијата. Но, не издржаа, Лазаревски се пожали на повреда, потоа и Јагуриновски и во вториот дел ги видовме и новиот играч тунискиот бек Бакар и Ансер Родригез... 
Битолчани покрај најдобриот стрелец Филип Кузмановски, гоимаа и расположен во вториот дел Домен Тајник. Тој беше клучен во неколку напади во кои Пелистер се избори за плус четири гола разлика. 
Имаа и плус пет во неколку наврати и без резултатски проблеми го одведоа мечот со крајот и многу важната победа. 
 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 1 1 0 0 22 17 5 6
2 РК Е. Пелистер 1 1 0 0 27 21 6 5
3 ГРК Охрид 1 1 0 0 30 29 1 5
4 ГРК Тиквеш 2014 1 1 0 0 32 25 7 4
5 РК Вардар 1961 1 0 0 1 21 27 -6 3
6 РК Бутел Скопје 1 0 0 1 29 30 -1 1
7 РК Пролет 62 1 0 0 1 17 22 -5 0
8 РК Струга 1 0 0 1 25 32 -7 0
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk