Алкалоид со победа влезе во Плејоф

РК ПРОЛЕТ 62 - РК АЛКАЛОИД 17:22 (9:10)
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Игор Огненов
РК Т. ПРОЛЕТ: А. Петковски, Стојановски 1, Тотиќ, Мајнов, Х. Петковски, Спасовски, Андоновски 4, Михаљевиќ, Палевски 4, Пецаковски, Василевски 2, Арсеновски 2, Димковски 1, Димов, Додевски 3, Крстески
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, М. Митев 2, Савревски, Кофилоски 1, Карасманакис 2, Џонов 3, Стојковиќ 1, Младеновиќ, Маркоски, Д. Митев 1, Велковски 3, Омерагиќ, Серафимов 5, Димовски 1, Ѓоргиев 2, 
Седмерци: 1/3 Исклучувања: 12 мин.

Алкалоид со очекувана победа го почна пролетниот дел од сезоната. Актуелниот вице-првак денеска гостуваше кај Т. Пролет и запиша сигурна победа за нови три бода. 
Екипата на Алкалоид го доби првиот дел, минимално 10-9 благодарение на серија од 4:0 реализирана по водството на домашниот состав од 9:6. Претходно Тинекс Пролет водеше со 6-3 и 8-5, а Алкалоид успеваше да намали и да се приближи на гол заостанување. 
Малиот број голови, првенствено се должи на малиот број на напади, а тоа пак се должи на бавната игра првенствено во организацијата на нападот на домашниот состав. Играта на поставена зона си го направи своето, имаше фаули немаше многу погодоци, домашните цели 11 минути не постигнаа погодок во финишот  за по 30 минути разликата да остане само еден гол. 
Постот на домашниот тим продолжи и во второто полувреме, па во 38 минута кога Александар Јовиќ побара тајм аут резултатот беше 9:14. 
Конечно со гол од пенал, по речиси 20 минути пост, Т. Пролет постигна гол за намалување на 10:14. На десет минути до крајот, Алкалоид водеше 19-13 и прашањето на победникот беше решено. 
 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 1 1 0 0 22 17 5 6
2 РК Е. Пелистер 1 1 0 0 27 21 6 5
3 ГРК Охрид 1 1 0 0 30 29 1 5
4 ГРК Тиквеш 2014 1 1 0 0 32 25 7 4
5 РК Вардар 1961 1 0 0 1 21 27 -6 3
6 РК Бутел Скопје 1 0 0 1 29 30 -1 1
7 РК Пролет 62 1 0 0 1 17 22 -5 0
8 РК Струга 1 0 0 1 25 32 -7 0
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk