Аеродром не доби право за настап во Плејаут

Екипата на Аеродром не доби право да настапува во пролетниот дел од македонската Суперлига, во кој требаше да се натпреварува во Плејаут шампионатот. 
Натпреварот со Е. Пелистер 2 беше делегиран, се очекуваше Аеродром да игра, играчите веќе беа на теренот, но скопскиот клбано не доби право да настапи затоа што не е регистриран како Акционерско друштво, а тоа е еден од главните услови за настап во првенството. 
Скопскиот клуб е нов член на Суперлигата и во есенскиот дел пререгистрацијата се водеше како тековна работа, но не ја заврши процедурата за пререгистрација пред да почне пролетната сезона и не доби зелено светло за настап.
Натпреварот меѓу Аеродром и Е. Пелистер 2 што требаше да се одигра денеска ќе биде службено регистриран, а трите бода ќе одат на салдото на битолчани. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk