Брестовац го среди шампионот на Азија

Импресивен старт има Данило Брестовац како тренер на екипата на Ал Сафа во Саудиска Арабија. По стартната победа во Куп натпреварување, веќе на вториот меч го привлече вниманието кон себе и својот клуб на Блискиот исток. 
Екипата на Ал Сафа играше натпревар со неприкосновениот тим на Ал Калеј, актуелниот азиски шампион и првак на Саудиска Арабија. Таа екипа немаше загубено меч цела година. Сѐ до вчерашниот дуел со Ал Сафа. 

Тимот на Данило Брестовац и Алексо Лембанов одигра одличен натпревар и на големо изненадување го совлада фаворизираниот противник со 25-23 и во моментов е вистински хит на Блискиот исток. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk