Хрватска има нов селектор!

Дагур Сигурдсон даде отказ на позицијата селектор на репрезенацијата на Јапонија. Потег со кој многу ги разочара Јапонците кои под негова команда обезбедија учество на ОИ, но од друга страна ги израдува Хрватите кои се во еуфорично исчекување на официјалната потврде дека првиот странски селектор на нивнта репрезентација е токму Дагур Сигурдсон. 

Неофицијално за него е заинтересирана и Германија. Вчера, германската федерација го доби извештајот на нивниот селектор Алфред Гисласон за настапот на репрезентацијата на ЕП, но не донесе никаква одлука, туку пролонгираше, разговорите во Извршниот одбор допрва ќе следат.

Хрватские медиуми кои од домашен терен ја следат целата ситуација се убедени дека е завршена работата со Дагур Сигурдсон и веќе ја претставуваат на јавноста неговата ракометна биографија, очекувајќи секој момент официјална потврда од ХРС. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk