Раскинаа Кил и Винсен Жерар

Францускиот голман Винсен Жерар сезонава во Кил дојде како привремена замена за Никлас Ландин, до доаѓањето на Гонзало де Варгас најавено за следната сезона.
Но, Жерар се повреди, а периодот на рехабилитација се пролонгираше и Кил мораше да најде замена и ја најде во Самир Белансе. 
Договорот на Жерар остана важечки сѐ до денеска, кога конечно беше утврдено дека Жерар нема да се врати на терен и беше раскинат. 
Францускиот голман, најави дека ја завршува кариерата во јуни, а раскинот на овој договор мошне веројатно значи дека веќе не вооопшто да го видиме на терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk