Ангеловски: Фаворити сме, но треба да играме како во ЛШ

Одамна се знаеше распоредот на првенствените дуели во Плејоф и повеќе од доволно време имаа и Бранко Ангеловски и Владо Недановски да ги подготват тактиките и своите тимови за дуелот со кој вечерва ќе биде отворена суперлигашката плејоф сезона во Битола. 
Дуелот меѓу Е. Пелистер и Вардар 1961 нема да пресуди денеска, но ќе има големо влијание врз изгледот на табелата во секој случај, а притисокот што го носи „морањето“ да се победи е на плеќите на домашниот состав. 
Нивната последна завшри со јалова победа на Е. Пелистер и пропуштена шанса со бод повеќе од противникот да се стартува во вториот дел од шампионатот.  Но, тогаш на Вардар му одговараше и пораз, попладнево - не. 

„Денеска ние сме во улога на фаворити. Ќе играме во Битола, во наша сала, пред нашата публика. Но, првенството нема да се реши на овој натпрвар, ниту сакам да размислуваме дека некоја трета екипа е послаба од овие две екипи. Ова првенство е најтешко во борбата да се биде шампион. Три екипи се борат за титула, а двата конкуренти доаѓаат од Скопје. Друга ситуација е што почнуваме со бод помалку“, изјави тренерот на битолчани Бранко Ангеловски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk