Денеска е големото дерби, Е. Пелистер без Манасков

Суперлигашката пролетна полусезона почна вчера со интересен меч во Плејаут шампионатот, а продолжува денеска со комплетното прво коло во Плејоф и уште два Плејаут натпревари. 

Светлото на рефлекторите денеска е насочено кон Битола каде што ќе гостува Вардар 1961. Ждрепката ги смести двата најголеми фаворита за шампионскиот пехар на дуел уште во првото коло. Е. Пелистер со два, Вардар 1961 со три бода ја почнуваат Плејоф трката. 
Двата тима имаа играчки промени, неколку играчи заминаа од Е. Пелистер, Вардар, пак, остана без Косуке, но има две нови имиња и во двата табора и ќе видиме колку тие ќе го сменат односот на силите во продолжението на првенството. 
Битолчани нема да можат да сметаат на своето најзвучно засилување, Дејан Манасков кој го „одработува“ последниот меч од суспензијата, а прашање е дали уште денескаќе го видиме Полјакот Матеуш Пјаховски или неговиот настап ќе биде во некој од следните натпревари. Поверојатно е дека нема ни тој да биде на теренот.
Дербито ќе се игра со почеток од 18:00 часот.

Истовремено во Бутел Скопје, на уште еден дерби меч доаѓа засилениот Охрид. Мацуока, Јукиќ и Пелендија се новите три имиња во охридскиот тим со кој оваа екипа на хартија ги зголеми своите шанси за повисок пласман. Како ќе им оди на терен ќе видиме попладнево. Бутел Скопје е сериозна екипа и добар репер за споредба на силите во моментов. 

Први во Плејоф на терен ќе истрчаат ракометарите на Т. Пролет и Алкалоид. Вицепрвакот, иако не направи големи играчки промени пред Плејоф шампионатот, ја има фаворитската ролја на оваа средба. Пролет, ослободен од секаков притисок, сега имаше доволно време да се воигра под водство на Александар Јовиќ па ќе видиме со каква стратегија ќе излезе на терен. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk