Мулти Есенс го изненади Голден Арт за први плејаут бодови

РК ГОЛДЕН АРТ - РК МУЛТИ ЕСЕНС 23-24 (16-11)
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Контролор: Цано Куртовиќ.
РК Голден Арт: Трајковски, Христоски, Ончев 1, Глигоров, Даев 1, Шилегов 3, Јанковски, Гошевски 5, Даскаловски 1, Стојаноски 2, Миланов 1, Трајков, Милошески 7, Дрпљанин 1, Бардакоски, Гајиќ 1.
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 14 мин.
РК Мулти Есенс: Ерманоски, Димевски 10, Костовски 1, Илиески 4, Насевски, Узунчев 2, Петрески 1, Трајчев, Омерагиќ, Трајковски, Иваноски 6, Тодески, Узунчев, Трајковски, Јорданов, Стојчевиќ
Седмерци: 1/4 Исклучувања: 6 мин.

Изненадување се случи уште на првиот меч од пролетниот дел од Плејаут сезоната. Екипата на Мулти Есенс, со нов тренер одигра одличен втор дел и успеа да го анулира минусот од пет гола од првото полувреме и да ги однесе бодовите од дуелот со Голден Арт како гостин. 
Првиот меч од плеј-аутот стартуваше изедначено. Беше 4-4, па 5-5, потоа 7-7. Домашниот состав прв влезе во подобар ритам. Поведе со два гола разлика, откако Мулти Есенс загуби две топки во нападот и поведе со 10-8.
Домашниот голман, искусниот Златко Даскаловски беше голема пречка за гостите. Одбрани два пенала, а Г. Арт тоа го претвори во водство од 16-11 на полувреме. 

Во воведните десетина минути од вториот дел Мулти Есенс со поагресивна игра во одбраната и лесни голови израмни на 18-18, и резучтатски се врти во игра. Давид Димевски по долго време ја врати предноста за Мулти Есенс (19-18) со гол од девет метри и вкупна серија од 6-0 за гостинскиот состав.

Во последните десет минтути Мулти Есенс влезе со предност од два гола (23-21), но Голден Арт возврати со два гола за 23-23. Потоа следеше драматична завршница која му припадна на гостинскиот тим. Во клучните моменти, најважната одбрана на мечот ја забележа голманот Ѓорѓи Ерманоски, тоа беше во последниот напад на Голден Арт и бодовите ги однесе Мулти Есенс.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk