Кадетите и јуниорите чекаат ждрепка за ЕП 2024

Машката кадетска и јуниорска репрезентација или како што ЕХФ ги ословува М18 и М20 годинава ќе настапат во најсилната конкуренција, ЕХФ Еуро. Кадетите или М18 генерацијата ќе игра во Црна Гора, М20 во Словенија, во Целје. 
Ова ќе бидат првите првенства во младинска категорија што ќе се играат со 24 екипи.
Системот по кој ќе се игра е нов и досега немало ваква формула. Екипите ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи. 
Во Главната рунда и битка за медал одат осум екипи, во „Intermediate“ исто така осум, а последните осум екипи од групната фаза ќе играат за опстанок. 

Претходно, ќе се изврши ждрепка во која екипите ќе бидат поделени во шесте групи.
Ждрепката ќе се одржи на 29 февруари во Виена.
ЕХФ сѐ уште ги нема објавено шеширите за ждрепката, но Македонија најверојатно во М18 ќе биде во последниот шешир имајќи предвид дека доаѓаме како една од десетте екипи што играа квалификации, а и во квалификациската група го освоиме второто место. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk