Медали со шарм на Ајфеловата кула

Европското ракометно првенство заврши, ракометниот мундијал во 2025 допрва ќе ја има својата европска увертира во бараж квалификциите, а годинава, меѓу ЕП и СП ќе се одржи и најважниот спортски мега настан - Олимписките игри. 
Париз е домаќин на Олимпијадата, а организаторите не пропуштија да вградат дел од духот на градот во победничките обележја. 

Организацискиот комитет на игрите одлучи за изгледот на медалите. Во средината на медалот, има мал метален хексагон. Тој е направен од метал што е изваден од Ајфеловата кула. При реконструкцијата на најпознатата атракција на Париз, отстранетиот метал не се фрла.
Во случајов е искористен за да се вградат малите парчиња во над 5 000 медали. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk