ХРС ги врати Гојун и Копљар во репрезентацијата

Хрватска сѐ уште нема договорено соработка со селектор на машката сениорска репрезентација по смената на Горан Перковац, но Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) мораше да објави список од 35 играчи за квалификацискиот турнир за ОИ Париз што ќе се одржи во март во Германија. 

ХРС селектираше 35 играчи и реши да направи две промени во однос на составот што го одбра довчерашниот селектор Горан Перковац. 
На списокот на 35 играчи одново се најдоа Јаков Гојун и Марко Копљар, двајца првенствено искусни и добри дефанзивци. Од претходниот список, пак, отпаднаа Џанфранко Прибетиќ и Максимилијан Молц. 

Во составот од 35 се и повредените Иван Мартиновиќ, Давид Мандиќ и Јосип Шарац кои се тркаат со времето и прашање е дали ќе бидат рехабилитирани и спремни за настап. 

Во квалификациската група за ОИ Париз се Германија, Хрватска, Австрија и Алжир. Две репрезентации ќе се пласираат на Олимписките игри. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk