Саудиска Арабија бара нов селектор

Договорот на исландскиот тренер Ерлингур Ричардсон и Саудиска Арабија истече и нема да биде продолжен. Причината за разделбата е што Саудијците во принцип барале Ричардсон многу повеќе време да минува таму, практично таму да живее, а тоа за него не била опција. Особено затоа што пред С. Арабија нема големи проекти до 2027 година. 

Ричардсон е тренерот кој ја врати меѓу големите играчи репрезентацијата на Холандија, а во С. Арабија замина пред шест месеци.
Во С. Арабија од неодамна како прв тренер на Ал Сафа работи поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk