Алборг два месеца без капитенот

Националните шампионати веќе се во тек по паузата поради ЕП, а наскоро почнува и расплетот во Лигата на шампионите, ќе се играат последните четири кола пред да почнат елиминациите. 
Данскиот вицепрвак Алборг остана без капитенот во следните два месеца. Пикерот Рене Антонсен по натпреварот со Колдинг, меч на кој неговиот тим имаше доста проблеми, се пожали на повреда. 
Прегледите покажаа дека се работи за повреда на лигаменти, а докторите предвидуваат дека најрано би можел да се врати на терен за два месеца. 
За тој период Алборг ќе одигра шест првенствени, два меча во домашниот Куп и четири од Лигата на шампионите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk