Магдебург го среди Кил, Зендер му даде 15 гола на Вецлар

Најсилната светска ракометна лига, германската Бундеслига стартуваше со натпревари по паузазат поради Европското првенство.
Веќе во првото пролетно коло се сретнаа Кил и Магдебург во Вундерино Арена во Кил. Победи Магдебург (33-26). Убедливо, веќе во првиот дел европскиот шампион имаше плус седум, а потоа со некои падови и подеми на крајот без резултатска неизвесност му покажа на Кил дека местото не му е во трката за шампионската титула. По 19 од вкупно 34 кола, Магдебург сега има осум бода повеќе од Кил кој е на петтото место. 
Елијас Елефсен а Скипаготу, лидерот на Фарски острови беше првиот плејмејкер на Кил откако Домагој Дувњак заработи директен црвен картон поради опасен старт во 22 минута. Постигна два гола, но одлично го разигруваше нападот, а и самиот индивидуално изнудуваше и седмерци и исклучувања. 

Многу поголема драма имаше во Вецлар, каде што тимот на нашиот Филип Миркуловски (асистент тренер) минимално, со пресврт 31-30 го совлада Ајзенах. 
Најдобриот стрелец во Бундеслигата, Швајцарецот Мануел Зендер кој играше и против Македонија во Берлин беше маестрален и постигна 15 гола на овој меч. Но, промаши и клучен пенал на минута и пол до крајот. 
Вецлар со оваа победа се искачи на седмото место (19 бода) и за разлика од ланската сезона, сега опстанокот е блиску. Но, вистинска мешаница е сѐ до 17 место на кое се три екипи со по 13 бода и натпревар помалку. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk