Хрватска по селектор во Токио! Јапонски рецепт за пат кон ОИ Париз?

Смената на Горан Перковац, итноста од носење на квалитетно решение за клупата и пат кон Олимписките игри во Париз ги однсе Хрватите во потрага по нов селектор до Токио. 
Односно, Токио до Загреб, како сакате. 
Вечерњи Лист објави дека на преговори во Загреб е Дагур Сигурдсон, селекторот на Јапонија. И дека би можел да биде назначен за селектор на Хрватска уште денеска!

Исландскиот стратег беше ангажиран од Јапонија пред Олимписките игри во Токио и иако не веднаш, за релативно кратко време постигна значајни резултати, а Јапонија стана сериозна ракометна сила во Азија, а и европјаните нема да бидат комотни на терен покрај супербрзите играчи од Далечниот исток. 

Дагур Сигурдсон веќе обезбеди пласман на ОИ Париз со Јапонија, а ако прифати би можел да постигне и уникатен успех - со две репрезентации да обезбеди пласман на ОИ. 
Хрватска во март во Германија ќе игра олимписки квалификации со Германија, незгодната Австрија и со репрезентацијата на Алжир. 
Две репрезентации од овие четири ќе одат на Олимписките игри. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk