Македонија му пресуди: Швајцарија смени селектор предвреме!

Михаел Сутер не е веќе селектор на репрезентацијата на Швајцарија. Пет месеци пред истекот на договорот и веќе најавената смена, Швајцарија реши да именува нов селектор, а Михаел Сутер кој ќе продолжи да работи како тренер на Ст. Гален од следната сезона. 

„Поразот од Македонија на најважниот натпревар на првенството нѐ врати чекор назад. Поради ова федерацијата побара одговорност и предвремена смена на актуелниот селектор“, изјави претседателот на ракометната федерацијата на Швајцарија. 

Швајцарија уште минатата година имаше договорено Анди Шмит, нивниот легендарен свежо пензиониран ас да биде нов селектор место Михаел Сутер.
Но, тој договор почнува во јуни, а Швјацарија претходно во март ќе игра пријателски натпревар во неделата на ЕХФ со Данска, а потоа во мај бараж квалификации со Словенија. 

Дали Анди Шмит порано ќе ја почне тренерската авантура или ќе остави некој друг да игра против Данска и Словенија, а потоа тој да дојде според договореното е „работа на внатрешна дискусија“ што ќе биде актуелна деновиве. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk