-
07.02.2024
-
Вести, Трансфери
Македонски суперлигаш МРК Куманово, екипа која во пролетниот дел од сезоната ќе игра во Плејаут шампионатот и ќе се бори за опстанок, го ангажираше 208 см високиот пикер Стефан Атанасовски (24) од екипата на Вардар 1961.
Противникот на Алкалоид од ЕЛ, екипата на Логроњо Ла Риоха за момент стигна и до третото место во Шпанија (зад Барса и Бидасоа), но клубот и натаму е краток со финансии, па веднаш ја прифати понудата од извесен германски клуб и ќе го позјами египетскиот голман Мохамед Али.
Логроњо ќе мора да најде и друга поефтина опција, затоа што нивниот прв голман, Унгарецот Криштоф Паласиц се повреди на ЕП 2024 и нема да биде извесен период на располагање.
Хрватскиот ракометар Патрик Мартиновиќ заминува од екипата на АЕК и ќе се пресели во Швајцарија, во тимот на Кадетен Шафхаузен.
Француската репрезентативка Калидату Њакате ќе се раздели со црногорскиот тим Будуќност на лето и ќе му се приклучи на тимот на Нант.
Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер е официјално промовиран во нов тренер на Олимпијакос. Доаѓа на местото на грчкиот ас Никос Граматикос.
Францускиот клуб Нант го официјализираше доаѓањето на алжирскиот репрезентативец Ајуб Абди. Се работи за играч од позицијата десен бек, а во Нант во овој момент на таа позиција се Хорхе Македа и Жулиен Бос.
Поранешниот ракометар на Металург и на Е. Пелистер, Немања Обрадовиќ, од Татабања се пресели во Партизан. Црно-белите покрај овој бек ангажираа уште еден повратник од странство. Пикерот Стефан Шапоњиќ од шампионатот на Израел дојде прво во екипата на Уб, а сега ќе се облече во црно-бело.
По 19 години минати на кормилото на женската репрезентација на Австрија од селекторската позиција заминува Херберт Милер. Негов наследник е Холанѓанката Моник Тијстерман, поранешен селектор на Холандија, од СП 2021.
Поврзани вести