Битола е спремна, салата е распродадена!

Немаше сомнеж дека гостувањето на Вардар 1961 во Битола ќе биде магнет за домашната ракометна публика. Битолчани потврдија дека ракометната сезона ќе продолжи пред полни трибини и само за еден ден ги купија сите достапни билети за саботната пресметка со скопскиот ривал. 

Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 18:00 часот. Во моментов на табелата водат Вардар 1961 и Алкалоид со по три бода, Е. Пелистер и Охрид се зад нив со по два стартни бодови. 
Вардар во Битола, Охрид во скопски Бутел. Шампионатот ќе има жесток старт, а полната сала во Битола најавува дека пролетва ќе биде жешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk