Селекторот на Хрватска доби отказ

Со едногласна одлука на Управниот одбор на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) денеска е сменет селекторот на машката сениорска репрезентација, Горан Перковац. 

Перковац на чело на репрезентацијата дојде по минатото СП и тоа директно од редовите на најголемите критичари на тогашниот селектор Хрвоје Хорват. 
Најавуваше големи промени и големи работи, но откако го презема кормилото, малку работи смени, а од големите работи и резултати освои второ место во Квалификациската група за ЕП, а на самото ЕП заврши како 11. 
Во полза му оди историската победа над Шпанија, но тоа се чини е повеќе заслуга на самите Шпанци и големата победа над Германија, која исто така е повеќе заслуга на самите Германци. 

Перковац не остави доволно силен впечаток и да му се верува дека ќе успее да ги мине олимписките квалификации во март, па ХРС се реши место него друг да ја води репрезентацијата на дуелите со Германија, Австрија и Алжир. 

Горан Перковац е третиот селектор кому ЕП му дојде до „главата“. Претходно заминаа Тони Херона од Србија и Хавиер Пасквал од клупата на Романија. 
Следен на списокот е селекторот на Австрија кој во јуни ќе му го препушти местото на Анди Шмит. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk